Папата Франциско повика денеска да се стави крај на есклалацијата на насилството меѓу Палестинците и Израелците и апелираше на лидерите на двете страни да ги слушаат повиците на народот кој сака мир.
Папата, кој во јуни беше домаќин на состанокот на израелскиот претседател Шимон Перес и палестинскиот лидер Махмуд Абас, побара светот да се моли средбата на двајцата лидери да не била залудна.
Говорејќи пред верниците на Плоштадот Свети Петар, тој ги повика локалните и меѓународните власти да „не штедат напори да го запрат секое непријателство и да го следат патот на мирот, кој е посакуван поради доброто на сите“.
Франциско, кој ја посети светата земја во април, предводеше десетици илјади насобрани во молитва да ги „слушаат повиците на народот да се трансформира нашето оружје во инструменти на мирот, нашите стравови во доверба и нашата напнатост во простување“.