Кога минатата недела, американската пејачка Тејлор Свифт ја изведе песната „Ронан“ на хуманитарен музички настан, приказната за четиригодишно момче Ронан, ја расплака Америка.
„Кога Тејлор ја изведе песната таа ноќ, јас мислам дека немаше човек во нашата куќа што не заплакака”, изјави Маја Томпсон во интервју за „Дејли мејл“. Маја е мајка на 9-годишни близнаци и сега е бремена повторно. Но, минатата година, нејзиниот четиригодишен син Ронан почина по долга борба со ракот и токму за него пееше младата американски пејачка ѕвезда.
Откако му дијагностицираа рак на нејзиниот син, Томпсон одлучи да пишува секојдневно на својот блог за проблемите со кои се соочуваат во текот на борбата против тешка болест.
Читајќи ги нејзините текстови, Свифт се заинтересира за приказната. Таа се сретна со семејствотот на Ронан и ги покани на нејзиниот концерт. Сепак, мајката на Ронан не била свесна, колку приказната за нејзиниот син, силно влијаела врз пејачката.
„Кога ги слушнав првите зборови почнав да плачам”, вели вознемирената мајка.
Томпсон организирала и настап на националната телевизиска програма за да собере пари за болните од рак
Песната „Ронан“ премиерно беше изведена на на 9-ти септември на добротворниот концерт „Застани против ракот“. На настанот присуствуваа голем број на ѕвезди и сите собрани пари, се прилог за борба против ракот.
Публиката не можеше да го сокрие солзите на тажната песна за Ронан.
Стиховите се на мајката и на пејачката, и песната е на прво место на најдобро-продаваните и слушаните.