Kривични за двајца скопјани осомничени за недозволена трговија со дрога

Од:

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство од Скопје ги предаде лицата С.Н. (28) и  М.И. (35) двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.

Како што соопшти денеска МВР, тие на почетокот на месецов неовластено, заради натамошна препродажба, од непознато лице  набавиле и држеле кај себе неодредена количина марихуана. Врз основа на наредби од Судија во претходна постапка од Основниот Суд Скопје -1,  извршени се претеси во домовите на пријавените  при што во домот на С.Н. пронајдени, одземени и доставени на вештачење се: една дигитална вага и 62,35 грама марихуана, а во домот на М.И. пронајдени, одземени и доставени на вештачење се: 36,6 грама марихуана.

Од страна на судија во претходна постапка на двајцата пријавени лица им се изречени мерка притвор во траење од 30 денови.

– Во изминатиот временски период против М.И. од страна на СВР-Скопје поднесена е една кривична пријава за сторени кривични дела – „фалсификување исправа“ за што од страна на Оптински суд Скопје 2 изречена му е казна затвор  во траење од четири месеци, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он