Академската јавност: Деканот треба да се дисциплинира, тројцата професори да се вратат на работа

Од:

Академската јавност застанува на страната на тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад, откако беа избркани од работа. И покрај позитивните рецензии, наставничкиот совет на чело со деканот Ристо Фотов на економскиот факултет донесе одлука да не ги избере професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска, Александар Костадиновски. Експертите сметаат дека нема законска основа тројцата професори да бидат избрјани од работа, а се бара и дисциплинирање на деканот.

Според професорот Томе Неновски наставничкиот совет постапил неосновано.

-Во овој случај е дадена позитивна рецензија од тројца професори на чело со деканот, кој ставил потпис по што трудовите се објавуваат во Билтенот, како што предвидува постапката. Ако рецезентската комисија оценила дека квалитативните услови се исполнети тогаш се поставува прашањето врз основа на кои критериуми наставничкиот совет ги одби професорите. Во овие неколку денови имаше коментари дека станува збор за некои карактерни несогласувања меѓу професорите и раководството. Ако тоа е причината, тогаш станува збор за апсурд. Клучното прашање е дали професорите стручно одговориле и ги задоволиле критериумите што се бараат, ако е тоа така тогаш наставничкиот совет со одбивањето постапил неосновано“ – вели универзитетскиот професор Неновски.

Според Неновски мора да се утврди е дали е дали се направени крупни грешки во постапката.

tome-nenovski-300x168

-Станува збор за кариери, за луѓе, за иднина и никој не смее некому да го му одземе правото да напредува. Ако некој ја прекршил дисциплината, тогаш законот предвидува други мерки, но тоа не смее да биде препрека некој да напредува врз основа на стручноста. Законот е многу јасен, има критериуми кои го утврдуваат скалилото за унапредување и доколку условите се исполнети апсурдно е да зборуваме за субјективни причини кои би го спречиле тоа. Човечките карактери не се мерило ниту репер, тоа е субјективна оценка која никако не смее да биде земена предвид. Не сакам да ги прејудицирам наодите што би ги објавил Инспекторатот за образование, но сметам дека сите членови на наставничкиот совет ќе мора поединечно да дадат изјави по кој основ ги одбиле професорите кои конкурираа за избор во повисоко звање“, вели Неновски за Фактор.

Професорот Роберт Димитровски побара Ректоратот да го дисциплинира деканот.

-Ако кажам дека сум вчудоневиден нема да бидам потполно искрен. Се обидувам да бидам рационален во размислувањето но никако не можам да го пронајдам ќарот на сопствениот зијан. За жал на нашите Универзитети и факултети позициите не секаде ги запоседнале вистинските компетенции. Без разлика дали се државни или приватни. Дипломите и студентите не се ни државни ни приватни. Отсуството на релевантна практика и искуство при изборот на наставник во помладите академски средини понекогаш креира вакви проблеми кои наместо со изјави, тужби, пријави и сл. треба да претставуваат свечен чин на промоција. Ова е посебно важно за еден млад универзитет како што е УГД. Универзитетот го чинат луѓето кои во него растат. Не водејќи сметка за нив и игноирирајќи ги креираме лоши практики насочени против сопствениот растеж и напредок. И што е најлошо имплицираат поведение кое во поврат може да има погубни последици. Мислам дека УГД потпомогнато со МОН мора да изреагира и да го маргинализира значењето на оваа случка со цел тоа да не се претвори во практика. Обврската е пред се на институциите но и Ректорот кој треба да ги смири страстите и да го дисциплинира деканот кој изгледа нема доволна координација со Законот и академските узанси. Како инаку да го толкувам чинот во кој од една страна деканот е рецензент а од друга страна гласа против сопствената рецензија, вели професорот Димитровски.

kekenovski

Професорот Јове Кекеновски истакнува дека законот е јасен и е на страна на штрајкувачите.

 -Во принцип ретки се случаите кога Наставно научниот совет ја одбива рецензијата, а уште повеќе кога потписник на рецензија, самиот си гласа против. Зошто потпишал? Очигледно доаѓа до израз непознавањето и волунтаризмот во образованието, кое во принцип негативно се одразува на целото образование. Жално е на ваков начин да се решаваат проблемите особено пред очите на јавноста и уште повеќе пред студентите. Се поставува прашањето каков ќе биде авторитетот на тие професори кои гласале против своите колеги. Законот е јасен и е на страна на штрајкувачите. Треба да победи правдата, вели Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Факултетите денеска почнуваат со настава

Катерина Ѓуровски

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“

Ана Ололовска

Прв академски час на факултетите

Ана Ололовска