Вооруженото крило на исламистичкото движење Хамас предупреди авиокомпании дека планира да продолжи со ракети напади од Појасот Газа врз израелскиот меѓународен аеродром „Бен Гурион“ им им порача да не летаат таму.
Од почетокот на израелската воена кампања врз палестинските екстремисти во Појасот Газа во вторникот аеродромот во Тел Авив продолжува да работи нормално и меѓународните авиокомпании извршуваат летови до таму и покрај секојдневното стрелање на палестинските ракет, кои или се пресретнати од израелскиот противвовздушен систем „Железна купола“ или паѓаат на места каде не земаат жртви.
– Поради нападите на Израел врз жители на Појасот Газа вооруженото крило на Хамас одлучи да одговори на израелската агресија и ве предупредуваме да не летате до аеродромот „Бен Гурион“, кој ќе стане една од нашите цели, затоа што во него се наоѓа и воена база, се наведува во изјавата.