Министерот Јолевски успешно ја заврши работната посета на САД

Од:

Со плодна дебата во Атлантскиот совет успешно заврши работната посета на министерот за одбрана Зоран Јолевски на Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на вчерашната дебата на која присуствуваа поранешни функционери во администрацијата на САД и претставници на „тинк тенк“ заедницата, беа разменети идеи и мислења за идните стратешки чекори што треба да ги преземе Република Македонија во поглед на реформите во одбраната и патот за членство во Алијансата. Во оваа прилика, министерот Јолевски ја пренесе пораката на граѓаните на Република Македонија и нивната одлучност да бидат дел од безбедносниот чадор при што истакна дека нашата земја ги има исполнето сите критериуми за членство во НАТО. Воедно додаде дека нашиот пат не завршува тука, туку дека ќе продолжи со процесот на реформи со цел интеграција во НАТО и Европската унија.

Во текот на вчерашниот ден, министерот Јолевски се сретна и со конгресменот, Хауард Бак МекКеон, претседател на Комитетот за одбрана на конгресот на САД. На оваа средба тие разменија мислења за иднината на НАТО, а разговараа и на темата проширување на Алијансата. Уште на самиот почеток, конгресменот МекКеон упати благодарност за придонесот во мисијата ИСАФ во Авганистан и истакна дека Армијата на Република Македонија е одличен партнер во мисијата. Конгресменот МекКеон рече дека на него може да се смета на искрен поддржувач во интеграциските процеси за влез во Алијансата.

Во рамки на вчерашните активности, од страна на Стејт департментот беше приреден прием за министерот Јолевски на кој присуствуваше дипломатскиот кор од регионот, функционери на администрацијата и други гости. На приемот на Јолевски му беше врачено писмо со честитки од државниот секретар Џон Кери за досегашниот мандат како амбасадор во САД. По приемот, министерот Јолевски имаше работен ручек со заменик помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Ји.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

Медиуми: Трамп се согласил со планот на НАТО за капитулација на Русија во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО или да ја нападне Европа

Руте: Земји како Бразил, Кина и Индија би можеле да бидат силно погодени од секундарни санкции