Холандскиот премиер Марк Руте прогласи победа на својата Либерална партија ВВД на парламентарните избори.
Врз основа на 92% од пребројаните гласови, партијата ВВД освои 41 мандат, два повеќе од главниот ривал, Работничката партија, во парламентот кој брои 150 пратенички места.
„Вечерва уживаме, а од утре ќе мора да работиме за што поскоро формирање стабилна влада. Ќе работам со вас, за што побрзо Холандија да излезе од оваа криза“, изјави Руте, алудирајќи на должничката криза во Европа, која се одрази и на економската состојба во Холандија.
Резултатот на изборите ќе овозможи двете проевропски партии ВВД и Работничката партија да формираат стабилна коалиција, а Марк Руте ќе добие прилика за уште еден премиерски мандадт.