Во Вашингтон средби на министерот Јолевски со американски конгресмени

Од:

Бил Паскрел, Франк Вулф, Елиот Енгел, Тед По, се дел од конгресмените со кои министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера во Вашингтон имаше разговори во насока на проширување на поддршката на САД.

На средбите конгресмените кои имаат силно влијание во Конгресот, искажаа искрена поддршка на Република Македонија во остварување на евроатлантската интеграција и се заблагодарија за македонскиот придонесот во воспоставување на мирот, безбедноста и демократските вредности во Авганистан.

– За време на разговорите министерот Јолевски го истакна интересот за проширување и зајакнување на стратешкото партнерството, стои во соопштението.

Во поглед на зајакнување на пријателството, конгресменот Френк Вулф ја поддржа идејата за размена на искуства и знаења по што предложи повеќе претставници од безбедносните сили на двете земји да се обучуваат и едуцираат во САД и во Македонија.

Во рамки на денешните активности, министерот Јолевски положи и венец со свежо цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак во Арлингтон, оддавајќи почит на воените сили на САД и на оние кои го дале својот живот за глобалниот мир и безбедност.

Би можело да ве интересира

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија