Бела куќа: Важно е соработката со Германија да продолжи

Од:

Исклучително е важно САД и Германија да продолжат да соработуваат откако Берлин го протера претставникот на американската разузнавачка агенција ЦИА во земјата, соопшти Белата куќа.

– Ги видовме соопштенијата и немаме коментар околу тврдењата за разузнавачки проблем. Нашите односи со Германија во областа на безбедноста и разузнавањето секако се многу важни и ја гарантираат безбедноста на Германците и Американците, наведува Белата куќа.

Германската Влада нареди протерување на функционер на ЦИА, кој е на должност во Амбасадата на САД во Германија, како одговор на Берлин по откриените два шпионски случаи, поврзани со американското разузнавање.

– На претставникот на американската разузнавачка агенција му е наредено да ја напушти Германија, изјави денеска портпарол на германската Влада.

Според него, протераниот претставник дејствувал како врска на американската агенција во шпионските случаи, кои предизвикаа бранување на германската политичка сцена.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ