Лондон планира по итна постапка да го усвои законот за собирање лични податоци

Од:

Британската Влада соопшти денеска дека планира да по итна постапка да го обнови законот за собирање лични податоци, откако Европскиот суд во април ја укина европската наредба, со која се бараше од операторите да собираат податоци за комуникациите.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека неговата Влада е принудена да дејствува и тоа брзо за да ја заштити националната безбедност на земјата.

Укинатата директива им наложуваше на операторите да ги чуваат податоците од разговорите најмалку 12 месеци, вклучувајќи кој со кого зборувал и од каде. Директивата беше усвоена во 2006 година по терористички напади во Лондон и Мадрид.

Укинувањето на европската директива беше поздравена од активистите за заштита на човековите права, но експертите за антитероризам, кибер криминал и борба против педофилијата изразија загриженост.

– Тие мерки се во основата на судскиот систем, тие се користат во 95 отсто од случаите на организираниот криминал и со децении се користат од сите служби за борба против тероризмот. Тие се основата за следење на педофилите, наркодителите и криминалците, нагласи Камерон.

Тој изјави дека се надева оти нацрт-законот, кој е поддржан од трите главни политички партии ќе биде усвоен до следниот четврток.

Брзањето се оправдува со фактот дека телекомуникациските компании наскоро ќе почнат да ги бришат податоците.

– Должност на Владата е да дејствува брзо, кога е во прашање националната безбедност, нагласи Камерон. – Како што ни покажуваат случувањата во Ирак и во Сирија, сега не е момент да ги ослабнеме можностите за заштита на населението, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство