Меркел: Довербата меѓу сојузниците е важна за безбедноста

Од:

Довербата меѓу сојузниците е клучна за безбедноста, а меѓусебното шпионирање претставува губење енергија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод двата случаи на американско шпионирање во Германија.

– Мислам дека во овие времиња што можат да бидат многу конфузни, многу нешта зависат од довербата меѓу сојузниците, рече таа, имајќи ги предвид сирискиот конфликт и заканата од тероризмот.

Според Меркел, поголемата доверба може да значи поголема безбедност.

– Од моја гледна точка, шпионирањето сојузници е губење енергија. Имаме толку проблеми што треба да се фокусираме на поважни работи, рече Меркел на прес-конференцијата со премиерот на Молдавија, Јуриј Леанч.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ