Жестоки борби кај аеродромот во Доњецк

Од:

Во реонот на аеродромот во Доњецк се водат жестоки борби меѓу украинските сили и доброволци од самопрогласената „Доњецка Народна република“, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се изјави на очевидци.

Градските власти побарале од жителите на околните станбени објекти да не излегуваат од своите домови.

– Ги замолуваме жителите на населбите Октјабарски, Петнаесеттата станица, Застанционен и на квартовите во регионот на железничката станица да не се приближуваат кон прозоците, да не излегуваат на терасите, да се воздржат од излегување надвор од куќите и становите, а возачите максимално да го ограничат престојот во тој регион и да ја променат маршрутата, се наведува во соопштението на сајтот на администрацијата.

Просруските сепаратисти во Доњецк целосно го блокираа сообраќајот во реонот.

Кон крајот на мај во реонот на аеродромот веќе имаше судири меѓу сепаратистите и украинските сили, поддржани со воена авијација.

Сепаратистите го зазедоа аеродромот, но потоа беа протерани оттаму. Според неофицијални податоци во таа операција загинаа десетици лица, меѓу кои и локални жители.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности