Германската Влада го протера претставникот на ЦИА во Амбасадата на САД во Берлин

Од:

Германската Влада нареди протерување на функционер на ЦИА, кој е на должност во Амбасадата на САД во Германија, како одговор на Берлин на откриените два шпионски случаи, поврзани со американското разузнавање.

– На претставникот на американската разузнавачка агенција му е наредено да ја напушти Германија, изјави денеска портпаролот на германската Влада.

Според неговото објаснување протераниот претставник дејствувал како врска на американската агенција во шпионските случаи, кои предизвикаа бранување на германската политичка сцена.

Минатата недела еден 31 годишен оперативец на германската тајна служба БНД беше уапсен, откако беше обвинет дека им предавал тајни документи на Американците поврзани со парламентарната истрага за дејствувањето на странските разузнавачки агенции на германска територија.

Федералното обвинителство вчера соопшти за уште еден шпионски случај и нареди претрес на станот и службените простории на еден вработен во германското Министерство за одбрана.

Засега не е познато дали тој е уапсен, освен што медиумите во Берлин тврдат дека станува збор за воено лице.

Двата случаи во кои САД се вмешани во шпионски операции против Германија на нејзината територија предизвика заладување на билатералните односи. Канцеларот Ангела Меркел во единствената досега изјава изрази незадоволство од ваквите инциденти, за кои рече дека и штетат на меѓусебната доверба.

САД не демантираат дека се инволвирани во случаите, па американскиот амбасадор во Берлин на двапати беше повикан за да му биде вложен протест.

Германските медиуми тврдат дека САД ветиле соработка со германските власти околу решавањето на оваа ситуација.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ