Кога детето дома јаде нормално, а во градинка одбива без оглед на храната родителите не треба да паничат и треба да бидат толерантни.
Детето може да одбива храна бидејќи почнува да се адаптира на новото опкружување. Одбивањето на храна нема долго да трае туку само додека се навикне на средината. Кога детето ќе види дека другите деца нормално јадат најверојатно и тоа ќе почне да јаде.
Родителите треба да му овозможат на детето ручек со неговите другари за полесно да се навикне да јаде во друштво на други деца.
Доколку и тоа не помогне најдобро е детето да има уште еден оброк дома.