Македонија е посветена на стратешкото партнерство со САД

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и членовите на неговата делегација на вториот ден од работната посета на САД остварија повеќе средби, меѓу кои и со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Дерек Колет.

На средбата со помошникот секретар Колет, која се одржа во Пентагон, министерот Јолевски ги пренесе стратешките определби на Република Македонија, односно укажа на тоа дека нашата држава останува на патот чија цел е целосно интегрирање во Алијансата.

Јолевски, како што соопшти Министерството за одбрана, информираше дека Владата на Република Македонија ја разгледува можноста за идно учество во мировни мисии под покровителство на НАТО и ОН.

Во текот на средбата беа разменети повеќе идеи во насока на идниот ангажман на Армијата на Република Македонија во мисијата „Одлучна поддршка“, а од страна на министерот беше понуден и Центарот за обука на пилоти како можност за обука на пилоти на авганистански безбедносни сили.

Помошникот секретар Колет се заблагодари за севкупниот ангажман и за успесите кои ги направи АРМ со своето учество во мировните мисии во Ирак и во Авганистан и додаде дека Република Македонија може да продолжи со зајакнување на меѓународните односи со учество во мултинационалните вежби под покровителство на НАТО.

Министерот Јолевски во оваа прилика ја истакна потребата да се унапреди стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија, врз основа Декларацијата за стратешко партнерство и соработка потпишана во 2008 година, посебно во областа на одбраната. При ова беше констатирано дека партнерството ќе биде од особено значење за двете земји.

Македонскиот министер за одбрана оствари средби и со сенаторите Дајен Феинстеин и Бил Нелсон, како и со конгресмените Пол Кук, Адам Смит и Џеф Милер, при што од нивна страна беше искажана благодарност за поддршката на Република Македонија во обезбедување на глобалниот мир, стабилност и демократските вредности. Во соопштението е наведено дека сите соговорници изразиле недвосмислена поддршка за аспирациите на земјата за членство во евроатлантските организации.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски