ГРОМ во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

Членовите и претседателите на Општинските организации на ГРОМ од цела Македонија на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата со акламација го усвоиле предлогот за взаемна соработка со Владата на Република Македонија.

Како што соопшти ГРОМ, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски истакнал оти Извршниот одбор на партијата веќе донел одлука да се поддржи коалицијата и да учествува во Владата со еден заменик-министер како и раководители на други институции кои што ќе бидат понудени за ГРОМ.

– Очекувано беше дека Централниот одбор ќе ја прифати препораката од Извршниот одбор на ГРОМ и одсега па натаму ќе учествуваме во работата на Владата во Република Македонија, истакнал Јакимовски.

ГРОМ, се вели во соопштението, треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи, и не случајно, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов бил предложен за извршување на оваа обврска.

Едногласно членовите на Граѓанската опција за Македонија, го поздравиле предлогот и ја усвоиле Предлог-одлуката за кандидатурата на заменик-министер во областа на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on