Хуманитарна акција за помош на Ивана Величковска која боледува од леукемија

Од:

Во Младинскиот културен центар – Кино Фросина вечерва ќе се одржи хуманитарна акција  за собирање средства за помош Ивана Величковска, студент на Правниот факултет, која боледува од леукемија и и се потребни средства за лекување.

Посетителите ќе бидат во можност да ја видат промоцијата на првиот спот на групата Улична Мисла, а присутните ќе можат да го купат нејзиниот албум по цена од 100 денари, средства кои во целост ќе бидат наменети за помош на Ивана Величковска.

Ќе следува и настап на „Break Dancers“ под мотото „Играј и живеј здраво“, а на присутните ќе им се доделуваат награди „Панорамско надлетување над Скопје со авион во времетраење од 30 минути претставено со слоганот – Биди Хуман и полетај со Улична Мисла“, ваучер за тетовирање во вредност од 50 евра кај уметничката и тату артист, Емилија Пендева.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска