Инцидентите во Македонија – потсетник за НАТО да ја одмрзне поканата за членство

Од:

Аналитичарот Едвард Џозеф за Гласот на Америка ги коментира очекувањата од претстојниот Самит на алијансата во Велс

Поранешниот директор на програмата за Македонија во Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф, во разговор за српската редакција на Гласот на Америка се осврна и на последните инциденти во Македонија со протестите поради доживотните судски пресуди во случајот „Монструм“.

Тој ги оцени како мошне сериозни последните инциденти во Македонија поради опасноста од подлабока етничка поделба.

-Сведоци сме на неодговорно лидерство последниве неколку години во Скопје и на овие мошне негативни трендови. Се чини дека оние кои се осудени и веројатно се одговорни за убиствата, примаат јавна поддршка. Тоа е многу вознемирувачки.“, изјави Џозеф.

Сериозноста на ситуацијата Џозеф ја става во поширок контекст, на ургентната потреба Македонија да влезе во НАТО.

-Ова е потсетник на грешката да се држи замрзната македонската апликација за членство во НАТО поради грчкото противење. Ова е потсетник за итната потребаАлијансата еднаш-засекогаш да го реши проблемот со Грција и да ја внесе Македонија во НАТО, коментираше овој познавач на балканските прилики.

Таквиот чекор, според Џозеф, би бил најдобриот начин за подобрување на односите меѓу етничките Албанци и Македоци во земјата

Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонски јазик

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина