Раст на продажбата на „Ролс-Ројс“ и „Бентли“ во првите шест месеци од 2014.

Од:

Продажбата на луксузни автомобили што чинат по повеќе стотици илјади евра, во првите шест месеци од 2014 година скокнала во целиот свет, па дури и во Европа која полека заздравува од рецесијата.

Луксузниот британски бренд „Ролс-Ројс“ наведува дека глобалната продажба во првата половина од годината пораснала за 33 отсто во однос на првите шест месеци од 2013 година. Најголем раст во продажбата, од над 60 отсто, е забележен токму во Европа и покрај економските проблеми во поголемиот дел од континентот.

Во азиско-пацифичкиот регион, продажбата се зголемила за речиси 40 отсто, на Блискиот Исток за 30 отсто, додека растот во САД и Кина, исто така, бил двоцифрен.

„Ролс-Ројс“ во првата половина од годината продал 1.968 автомобили, во однос на 1.475 од истиот период лани.

И вториот голем производител на суперлуксузни автомобили – „Бентли“ – во првото полугодие постигна одлични продажни резултати. „Бентли“ ширум светот испорачал рекордни 5.254 автомобили, што претставува раст од 23 отсто во споредба со првите шест месеци од 2013 година.

Најголем раст, од 61 отсто, е забележен во Кина, по што следи блискоисточниот пазар каде продажбата скокнала за 27 отсто. Сепак, најголем купувач на автомобилот од марката „Бентли“ и натаму е Северна Америка, каде во првите шест месеци се испорачани 1.388 возила со раст во продажбата од осум отсто, додека во Европа оваа компанија бележи раст од 11 отсто.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ