Велика Британија воведе засилени безбедносни мерки на аеродромите, одобрувајќи им на своите безбедносни службеници од секој патник, не само оние што патуваат за САД, да бараат да ги вклучат своите електронски апарати со цел да се заштитат од скриени експлозиви.
Патниците кои патуваат за и од Велика Британија денеска се соочија со новите правила, според кои, доколк во рачниот багаж носат електронски апарати, мора да ги пријавуваат со полни батерии за да може да се вклучат и да се проверат.
Станува збор за дополнителна безбедносна мерка која ја спроведуваат аеродромските власти, по минатонеделната тревога што беше покрената на британските аеродроми, откако разузнавачките агенции открија дека блискоисточните терористички групи подготвуваат „стелт бомба“ која би можела да биде внесена во авионите, без да биде откриена од безбедносните детектори.
Новите мерки на екстра безбедносни проверки беа прво прменувани на сите летови од Велика Британија кон САД и Северна Америка, но од денеска нивната примена е проширена на сите летови.
Британските бзбедносни власти соопштуваат дека сите мерки за дополнителна проверка продолжуваат да се применуваат.
Според новите упатства за патување со авион, патниците кои сакаат со себе и во кабината да ги имаат мобилните телефони, таблетите и лаптоп-компјутерите, пред да тргнат за аеродромот ќе мора да бидат сигурни дека ги носат со полни батерии.
Британските патници, како и оние кои тргнуваат кон Велика Британија, треба да очекуваат нивните електронски „играчки“ да бидат детално проверени, па доколку не ќе може да бидат вклучени, ризикуваат да не се качат на летот за кој имаат авионска карта и да мораат одново да го букираат своето патување.
Авионската компанија „Бритиш Ервејз“ најави дека нивните патници кои дошле на аеродром со електронсми апарати со празни батерии ќе може да ги остават своите „играчки“ на чување на аеродромот од каде полетуваат или пак да побараат да бидат пратени на адреса каде би се чувале, додека се отсутни.
За оваа услуга „Бритиш Ервејз“ нема да бара пари, но другите британски компании соопштија дека „заборавните патници“ ќе мора да платат за чувањето на свооте електронски апарати.
Патниците од Франција за САД од вчера се подложени на таквите засилени проверки, а Националната агенција за безбедност на аеродормите соопшти дека се очекува построгите безбедносни мерки да останат во сила во текот на целото лето.
Германија соопшти дека патниците за САД треба да очекуваат проверки, но не прецизираше кога ќе почне да ги применува.
Претставници на американското разузнавање се загрижени од новите обиди на Ал Каеда да произведе нов тип бомба. Вклучувањето на компјутерите и телефоните на скенерите по аеродромите им дава можност да утврдат дали тие работат и дека на местото на батериите не се поставени експлозиви.