Нова апаратура доби Одделот за интензивна нега на Детската клиника

Од:

Еден аспиратор, четири перфусори (преку кои се дозираат лекови, односно инфузии) и четири пулсоскиметри (за мерење на кислородна сатурација) доби денеска Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести-Скопје.

Станува збор за донација со која е комплетирана првата фаза од кампањата „Шанса за живот“ (која ќе трае до крајот на годинава), за обезбедување опрема за Одделот за интензивна нега при Клиниката, чиј иницијатор е компанијата ОКТА.

– Веќе ја имаме поддршката на повеќе од 9.000 граѓани кои не следат на социјалните мрежи и добивме донации од неколку стотина граѓани. Убеден сум дека до крајот на годината ќе имаме собрано значителни средства. Заедно со донацијата на ОКТА, кампањата ќе има огромно влијание врз добросостојбата на бебињата и работата на докторите во интензивното одделение, истакна Виктор Папаконстантину, главен извршен директор на ОКТА.

Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата, која, како што рече, е од исклучително значење и изрази надеж дека и други компании ќе го следат тој пример.

Досега кон иницијативата се приклучија многу познати личности од сите сфери од јавниот живот кои ја дадоа својата поддршка со купување на симболот на кампањата – алката „Шанса за живот“. Алките се достапни на повеќе локации во Скопје и на бензинските пумпи на компанијата, по симболична цена. Дел од средствата за продажбата на гориво на бензинските пумпи на компанијата ќе бидат донирани за кампањата.

Средствата собрани од кампањата ќе бидат искористени за да се набави нова апаратура за Одделот за интензивна нега, вклучувајќи нови инкубатори, како и за сервисирање на останатите апарати.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски