Германија почна нова истрага за шпионажа во корист на САД

Од:

Германските власти почнаа истрага против уште едно лице осомничено за шпионажа во корист на САД, јави ИТАР-ТАСС.

Германското Федерално обвинителство соопшти дека полицијата претресла станови и работни простории во реонот на Берлин во врска со „првични сомнежи за активност на разузнавачка служба“.

Според германскиот дневен весник „Зидојче цајтунг“, лицето против кое е поведена истрагата работело во „воената сфера“ и е осомничено за шпионажа во корист на САД.

Со овој случај се зголемува скандалот со американското шпионирање во Германија, откако минатата недела германски разузнавач беше уапсен под сомнеж за „шпионска активност за странски сили“. Според информации на германските медиуми, тој шпионирал во полза на САД, а своите услуги и ги понудил и на Русија.

Во врска со новата шпионска афера американскиот амбасадор во Берлин, Џон Емерсон, повторно бил повика на разговори во германското Министерство за надворешни работи. 

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ