Јункер: Луксембург никогаш не загубил од Германија со 1:7

Од:

Идниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска се приклучи на шегите кои целиот свет ги прави на сметка на репрезентацијата на Бразил, која синоѓа загуби убедливо од Германија (1:7) во полуфиналето на Светското првенство во фудбал што се одржува во земјата на “кариоките”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денешното сослушување во Европскиот парламент во Брисел пред групата на “Зелените”, каде го претставува својот план за идното петгодишно делување на неформалната Влада на Европската унија, шегобијниот Јункер го започна со следните зборови:

– Луксембург никогаш не загубил од Германија со 1:7 – порача наледникот на Жозе Мануел Барозо, предизвикувајќи смеа кај сите присутни.

Како што е познато, фудбалската селекција на Луксембург е една од најслабите во Европа и важи за “топовско месо” во квалификациите за пласман на Светско или Европско првенство. Причината е што во оваа репрезентација сите фудбалери се аматери и не се занимаваат професионално со најважната споредна работа на светот.

Но, и покрај слабиот квалитет на Луксембуржаните, нивниот поранешен премиер Јункер го искористи моментот да додаде сол на раната на Бразилците, порачувајќи дека неговата земја, сепак, никога не загубила толку убедливо од Германија, како што синоќа загуби Бразил со 1:7.

Попладнево, во Европарламентот во Брисел Јункер ќе има сослушување и кај останатите големи групи во европскио законодавен дом, по што на 15-ти јули во Стразбур ќе следува негов официјален избор од страна на ЕП, откако претходно го предложија и шефовите на државите и Владите на земјите-членки на Унијата на Самит на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија