Македонија порано од првичниот термин ја пречекува Црна Гора

Од:

Полуфиналето од Европската лига во одбојка ќе стартува со дуелот во Скопје меѓу Македонија и Црна Гора. Два дена порано од предвидениот термин ќе се одигра првиот полуфинален дуел на овие две селекции.

Нашиот одбојкарски тим по седумте победи во групната фаза сега е пред нов предизвик – двомечот со Црна Гора. Селекторот на Македонија, Жарко Ристоски истакна дека резултатите досега не се случајност и дека со максимално ангажирање може да се постигне посакуваниот резултат.

– Добро ја познаваме селекцијата на Црна Гора. Имаат искусен тим и составена е од играчи кои играат во силните европски лиги. Но, и во нашиот состав има играчи од ист калибар. Што се однесува до играта ќе мора да ја неутрализираме примачката дијагонала во напад, доколку во тоа успееме, мислам дека нема да имаме поголеми тешкотии, пред се на првиот натпревар пред наша публика. За да стигнеме до победа на домашен терен ќе ни биде потребна и помошта од трибините, изјави Ристоски.

Во најавата за дуелот со Македонија селекторот на Црна Гора Слободан Бошкан за медиумите во својата земја вели дека треба да бидат внимателни.

– Македонија е добра репрезентација. Немав можност да ги следам повеќе (само еден натпревар со Словенија), но станува збор за искусни играчи. Затоа треба да бидеме внимателни. Во полуфиналето се е отворено. Очекувам два добри и тешки натпревари, каде нијансите ќе го решаваат победникот.

Двете репрезентации во мај месец одиграа два контролни натпревара во Црна Гора, кои завршија со победи од 3:0 и 3:1 на црногорската селекција. Но, нашата селекција и двата дуела ги одигра некомплетна.

Натпреварот Македонија – Црна Гора се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот. Реваншот на програмата е на 16 јули (среда) во Будва.

Во случај на по една победа за секоја од селекциите, на теренот на противникот ќе се игра „златен сет“.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ