Органзиацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) побара вклучување на руски претставник во Специјалната набљудувачка мисија во Украина, изјави денеска портпаролот на Мисијата Мајкл Бочјуркив.
Рускиот амбасадор во ОБСЕ Андреј Келин во мај изјави дека Организацијата треба да го прошири своето присуство во Украина и покрај тоа што набљудувачката мисија е изложена на притисоци од властите во Киев.
Келин посочи дека Русија продолжува да и дава поддршка на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, бидејќи не гледа ниедна друга алтернатива за организацијата.
– Нема друга функционална меѓународна организација таму (во Украина). Ако се тргне ОБСЕ, кон кого тогаш да се свртиме. Невозможно е да се свретиме кон нелегалната власт во Киев, посочи Келин.