Бебињата, чии мајки се дебели се раѓаат со поголема телесна маса, особено во пределот на стомакот, утврдија данските научници.
Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген се насочија на уделот на масното ткиво кај новороденчињата, но не ги следеа евентуалните долгорочни ефекти врз здравјето на децата.
Претходните студии, спроведени на возрасни лица, ја поврзале присутноста на масните наслаги околу половината со зголемување на ризикот за зголемен крвен притисок, дијабетис тип 2 и болести на срцето.
Новите податоци се собрани на примерок од 231 дебела жена и 80 жени со нормална телесна маса, кои се споредени со резултатите од прегледите на нивните бебиња.
Експертското списание „Акта Педиатрика“ пишува и дека децата на дебелите жени имаат и вкупно зголемена породилна маса.
Таа појава била дополнително изразена кај децата, чии мајки вишокот на килограми го стекнале во бременоста.