Јакимовски, му одговори на неговиот колега Жерновски кој реагираше за тврдењето на градоначалникот на Карпош дека се наоѓа во Бразил.
“Почитуван колега, не се замарај со поклони за мене, се што ми треба си имам. Бидејќи добро се познаваме, ти добро знаеш дека јас сум задоволени со малку, за жал имам чувство дека тебе се ти е малку, веројатно мала ти е Европа па ти треба и Латинска Америка. За разлика од тебе, ти секогаш сакаш да бидеш што би рекле “in”. Тоа е разликата, да те има на големи настани, отсекогаш беше така, нели?
Многу мерак имавте за сликање.
Е, сега што се однесува до неутралниот терен, јас подеднакво добро играм и во гости и дома. Моето искуство говори дека, само на илеџиите им треба или домашен или неутрален терен. Ако ти си новопечена комуњара, тогаш и јас сум новопечен комита. Само разликата е во тоа што комитите се секогаш “in”, а комуњарите само кога се на власт, останатиот период се “out”. Барем, јас страните сам ги одбирам, а ти одиш таму каде што ќе те посакаат.
И на крајот, еден мој пријател кој седи до мене, ме прашува:
“Абе сега Жерновски, во Грција е, во Бразил е”. Мене не ми објаснувај туку нему одговори му.
И ако си во Бразил ништо страшно, кажи во Бразил сум, и тоа е за народ, и таму живее народ, и богати и сиромаси. Само што сиромасите се од Латинска Америка, а богатите доаѓаат од Европа.
И да, за разлика од некои политичари, јас патувам, и кога сум бил на функција и кога не сум бил на функција“, вели во својот одговор градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски.