Заев загрижен од загрозувањето на меѓуетничките односи во земјата

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска остварија средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, Нилс Рагнар Камсваг.

Партијата соопшти дека на средбата се разговарало за односите помеѓу Кралството Норвешка и Република Македонија, за актуелните состојби, како и за политичка ситуација во земјава.

„Амбасадорот Рагнар Камсваг истакна дека Норвешка е долгогодишен стратешки пријател на Македонија. Тој изрази загриженост за состојбите во Македонија и за тензиите што влијаат врз меѓуетничките односи. Претседателот Заев укажа на сериозноста на политичките пресметки меѓу коалициските партнери од власта. Политиките на поделби и национализам што доминираа во периодот пред и за време на изборите, постизборно резултираат со загрозување на меѓуетничките односи во земјата, што е крајно загрижувачки“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија