Најдобриот голман во Европа, Дарко Станиќ останува во Металург. Голманот потпиша нов тригодишен договор со македонскиот клуб.
„Во правец на Гепинген оди Жарко Марковиќ. Таква размена договори управата на Металург со двочлената делегација на германскиот бундеслигаш. Оваа вест секако ќе ги израдува сите наши симпатизери и фанови на Дарко Станиќ“, велат од Металург.