Германија ги зголеми мерките за безбедност на аеродромите

Од:

Германија ги зголеми мерките за безбедност на своите аеродроми, откако американските власти изразија загриженост дека оперативици од Ал Каида во Сирија и Јемен поседуваат бомби кои се во можност да ги внесат во авион.

Германскиот министер за внатрешни работи денеска соопшти дека надлежните служби се запознаени со заострените мерки за безбедност кои ги побара САД.

На германските аеродроми службениците веќе применуваат високо ниво на мерки за безбедност при проверувањето на патниците и нивниот багаж, изјави министерот.

Тоа практично значи дека патниците кои патуваат од Германија директно во Америка, мораат да ги извадат нивните технички апарати од заштитната опрема и истите да ги вклучат за да се утврди дали работат.

Од САД минатата недела најавија дека планираат да ги унапредат мерките за безбедност на аеродромите за директните интерконтинентални летови за Америка. Тоа ги вклучува аеродромите во Евроpа, Африка и Блискиот исток.

Минатата недела и Велика Британија воведе слични мерки за претпазливост.

Се верува дека ограноците на Ал Каеда во Сирија и Јемен работат заедно за да произведат експлозив кој нема да може да биде откриен со помош на детекторите кои се користат на аеродромите, наведуваат американските национални безбедносни извори.

Безбедносните служби се загрижени дека во авион може да биде внесена скриена бомба, така што ќе биде внесена од екстремисти кои имаат пасоши од западните земји.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ