Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара Израел веднаш да ја запре најновата офанзива на Појасот Газа, по синоќешните повторни напади од воздух од море и ракетирање на југот на Израел.
Палестинскиот лидер, исто така, повика на меѓународна интервенција за да се спречи „опасната ескалација, која ќе го внесе регионот во уште поголемо уништување и нестабилност“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
Абас, исто така, побара да се повикаат арапските лидери за да извршат притисок врз израелските власти за да се смали напнатоста во регионот.