Контра протестите на „АМАН“ потив поскапувањата, се огласи ново здружение „Изгор – Приватизација“.
Тие вината за денешните поскапувања ја лоцираат во 2006, во продажбата на ЕСМ.
„Во 2006-та го продадоа ЕСМ на Австријците и сега плаќаме изгор повисока струја. Оваа приватизација го изгоре народот. ЕВН денес е приватен монопол. Тие бараат покачување на струјата и цените одат нагоре. Тие ги диктираат цените. Нема кој да им забрани кога тоа со договорот за продажба им е дозволено. Колку е цената во Австрија кај нив, толку ќе биде и кај нас ако не се запре ова лудило. Да не се продадеше ЕСМ на австриската ЕВН струјата денес сигурно немаше да биде толку висока. Тогаш компанијата беше профитабилна, а сепак Бучковски и Шекеринска ја продадоа“, велат од „Изгор – Приватизација“.
Реагираа од СДСМ
Толку се летнати во облаци што не можат да сфатат дека граѓаните се незадоволни од нивните штетни. економски политики и дека нема да можат да избегаат од нивната одговорност за економско-социјалната мизерија во која ја втурнаа земјата, велат од СДСМ реагирајќи на денешниот протест на Ѓраѓанската иницијатива „Изгор Приватизација“.
„На наводната граѓанска иницијатива „Изгор приватизација“ и порачуваме следниот свој протест или изјава да го одржат пред рафинеријата ОКТА која како најкриминална приватизација на ја потпиша нивниот налогодавач Никола Груевски. Таму нека протестираат против постојаното поскапување на нафтените деривати“, се вели во реакцијата на СДСМ.