Во Струга отворен ден за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Од:

Во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, со поддршка од општина Струга, денеска во струшката чаршија ќе се одржи отворен ден каде граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност.

Отворениот ден е во рамки на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион, финансиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија.

Со проектот се предвидени отворени денови и во Дебар и Охрид, а целта е промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија, преку бесплатни совети од инженери и промотивен материјал.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“