Рено-Нисан со цел за поедноставен и поевтин производствен процес ќе користи три нови платформи на кои ќе бидат базирани сите идни модели на овие компании.
Петнаесет години откако ги здружија силите Рено и Нисан планираат да ја зголемат соработката со користење на нови платформи што ќе бидат основа за сите идни модели.
ЦМФ-А платформата е предвидена за сегментот на мали возила, ЦМФ-Б за конструирање модели од средната класа, а ЦМФ-Ц/Д платформата за највиоскиот сегмент на модели и СУВ возила.
Првиот модел што ќе ја користи ЦМФ-Ц/Д платформата ќе биде новиот Рено Еспас, што треба да биде претставен од крајот на 2014 година.
– Планираме 70 проценти од сите модели да ги поставиме на некоја од ЦМФ платформите до 2020 година, изјави потпретседателот на алијансата, Кристијан Мардрус.