Британските специјални служби уапсија исламистички екстремист, кој се вратил од Сирија и подготвувал напад во Лондон, објави „Дејли мејл“.
Британската полиција тврди дека уапсениот подготвувал напад во Лондон, кој требало да биде поголем од нападите врз метрото и автубусите на седми јули 2005 година, при што загинаа 52 луѓе.
Весникот наведува дека религиозаниот фанатик, кој е британски државјанин подготвувал напад со експлозив и огнено оружје.
– Тоа е прв познат случај, лице кое војувало во Сирија да подготвува терористички напад во Велика Британија, посочува „Дејли мејл“.