Македонската одбојкарска репрезентација со победа ја заврши групната фаза од Европската лига, откако синоќа беше поуспешна од Словенија со 3-1 во сетови (25:21, 26:28, 28:26, 25:20) и на тој начин и се реваншира за поразот во саботата.
„Црвено-жолтите“ кои пред гостувањето во Словенија веќе го имаа обезбедено второто место во групата Б, а со тоа и полуфиналето, покажаа дека имаат квалитет да се спротивстават и на посилни ривали.
Конечна табела Б група: Словенија 21 бод, Македонија 20, Австрија 9, Турција 9, Данска 1.
Следедн предизвик за избраниците на Жарко Ристовски е двомечот со Црна Гора која заврши на првата позиција во А групата.
Словенија ќе вкрстува со репрезентацијата на Грција (втора во А групата).