Англичанецот Џад Трамп го освои отвореното првенство на Австралија во снукер, откако во финалето го совлада домашниот играч Нил Робертсон со 9:5.
Ова беше неочекувано висока победа на Трамп со оглед на тоа дека на првиот турнир во сезоната Робертсон беше доминантен на Вукси класик и важеше за фаворит.
Ова е прва титула за 24-годишниот Англичанец по 2012 година, а вкупно 6-та во кариерата.