Руне Јарштајн налутено заминал од разговорот со норвешката ТВ2, фрлајќи го бесно микрофонот откако новинарот го прашал дали се чувствува крив за примениот гол со Словенија,во победата на Норвешка од 2:1.
Медиумите пренесуваат дека голманот не се смирил ниту ден подоцна, бидејќи наводно се заканувал дека ќе го удри фотографот што сакал да го слика, кога го напуштал хотелот во Осло.
Јарштајн одбил една топка упатена од слободен удар, по што словенците го постигнале единствениот гол за нив. Норвешка победи со голот на Риисе во четвртата минута од дополнителното време.