Штрајкувачите од грчкиот енергетски сектор се враќаат на работа

Од:

Шајкувачите од грчкиот енергетски сектор почнаа да се враќаат на своите работни места, но нивниот синдикат подготвува нови форми на протести против приватизацијата на Националната енергетска компанија (ДЕИ), соопштуваат грчките медиуми.

Агенцијата АНА-МПА пренесе дека енергетичарите од регионот на Солун почнале да се враќаат на своите работни места откако Владата прогласи граѓанска мобилизација и на штрајкувачите им ги врачи поканите. Тоа значи дека секој од нив е должен да се врати на своето работно место, а на непослушните им се заканува судење.

Пред некои електроцентрали во Грција се уште има протестни митинги.

Грчките коментатори приватизацијата на енергетската компанија ја оценуваат како тест за владата и опозицијата. Последните денови ескалира конфронтација меѓу нив, а битката за главниот производител на струја може да се покаже како катализатор за натамошните политички процеси во земјата, коментираат тие.

Весникот „Риал њуз“ тврди дека владеачката коалиција дури ја рзгледувала можноста за евентуални предвремени избори есенва.

Владата во Атина прогласи граѓанска мобилизација за штрајкувачите во енергетскиот сектор откако синдикатите одбија да се сообразат со одлуката на судот, кој нивниот штрајк го оцени за незаконски и штетен.

Грчките енергетичари излегоа на улиците заради владиниот проект во 2015 година да приватизира 30 отсто од компанијата. Притоа 14 електроцентрали ја прекинаа работата, но до рестрикции на струјата не дојде, пред се, затоа што е во тек туристичката сезона во земјата.

Опозицијата побара референдум за приватизацијата.

Штрајхкувачите стравуваат дека продажбата ќе доведе до раст на цените на струјата и до намалување на работните места.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица