Ештон: БиХ треба да почне реконструкција на погодените подрачја

Од:

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Кетрин Ештон нагласи дека Унијата мора да ги мобилизира соодветните инструменти, со цел пружање помош на БиХ во фазата на обновата по катастрофалните поплави.

Ештон, во писмо упатено до министерот за надворешни работи на БиХ Златко Лагумџија, оцени дека БиХ во неделите и месеците кои доаѓаат треба да ја започне реконструкцијата на погодените подрачја, соопшти босанското МНР.

Ештон истакна дека Унијата веднаш се вклучила со итните операции и застанала покрај БиХ и нејзините граѓани со испраќање хуманитарна помош и опрема, како и спасувачки тимови, хеликоптери и финансиска помош.

Европската комисија на 16 јули ќе биде домаќин на донаторската конференција во Брисел за да се продолжи пружањето помош по разорните поплави кои погодија дел од Балканот и да се мобилизира натамошна поддршка за Србија и БиХ да ги решат последиците од оваа природна катастрофа.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски