Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва против Словенија ќе го одигра последниот натпревари во групната фаза на Европската лига.
По вчерашниот пораз со 3:1 во првиот дуел со Словенија нашата селекција и дефинитивно ја загуби можноста за освојување на првото место во „Б„ групата.
Словенија има недостижни четири бодови повеќе од Македонија па овие две селекции кои и пред одигрувањето на натпреварите од последното коло во полуфиналето ќе стартуваат од позициите еден и два.
Кои ќе бидат нивните противници од групата „А„ ќе биде познато вечерва, откако во Црна Гора ќе гостува Грција.
Црногорците се сигурни на првата позиција, додека на Грците им е потребен бод, за да го освојат второто место во ова група.
И вториот меч меѓу Словенија и Македонија ќе се играат во салата „Људски врт’’ во Марибор, со почеток од 20 часот и 30 минути.
Табела – група Б: Словенија 21 бодови, Македонија 17, Австрија 9, Турција 6 и Данска 1.
Табела – група А: Црна Гора 14 бодови (-1 натпревар помалку), Полска 13, Романија 13, Грција 12 (-1), и Азербејџан 1.