„Три дена заради дневно политичките калкулации на владините партнери и Собранието како највисок законодавен дом се претвори во циркус на штета на државните интереси“, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски
Два дена , рече, СДСМ и останатите опозициски пратеници се единствено конструктивни, односно го гласавле дневниот ред, прават двотретинскиот кворум, и затоа и опозицијата и јавноста сака да добиеме прецизен одговор:
„Дали владините партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имаат усогласен став и ќе ги гласаат и подржат сите преостанати 19 закони предложени од Владата?
„Непреченото работење и функционирањето на Собранието е исто така услов за евроатланските интеграции на Република Македонија. Се додека јавноста не добие прецизен и конкретен став по ова прашање, ние нема да влеземе во собраниската сала.Пратеничката група на СДСМ и другите опозициски пратеници се тука во Собранието на РМ, и оној момент кога ќе добиеме позитивен одговор од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веднаш продолжуваме со работата“, рече Ивановски