Отворена 21. Интернационална Кичевска ликовна колонија

Од:

Во куќата на уметноста во Кнежино близу Кичево, денеска, во присуство на председателот на Република Македонија Ѓорге Иванов отворена е 21. Интернационална Кичевска ликовна колонија.

Манифестацијата за отворена ја прогласи директорот на колонијата Владо Талески, кој на учесниците им посака успешна работа.

– Тука 21 година по ред се сретнуваат и престојуваат ликовни творци од целиот свет за да нивниот творечки дух го преточат во ликовни дела блиски на нашето опкружубање. Тоа е душата на Кичевската ликовна колонија, а ликовните творци од година во година дојдени од различни страни на светот, целосно се вградија во просторот и времето во овој питом предел, даруван од Бога, кој со својата убавина им помага на уметниците да создадат убави и совршени дела, рече Талески.

На годинашната Ликовна колонија учевствуваат 35 ликовни уметници од 19 земји, а ќе трае до 19 јули.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска