Силна експлозија ја потресе зоната околу претседателската палата во сомалиската престолнина Могадишу, каде се наоѓа и зградата на сомалискиот Парламент, пренесоа светските агенции.
Според полициски извор, автомобил-бомба експлодирал во близина на Парламентот и притоа загинале најмалку четири лица.
Според француските медиуми, на улицата има многу ранети лица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Исламистите од групата „Аш Шабаб“ во минатото извршија серија напади врз сомалиски институции.