Жерновски: Македонија е без премиер, Груевски е „слика без тон“

Од:

Цел месец Груевски и Ахмети ја држат Македонија во заложништво. Денес, Македонија е земја во која функционира паралелизам во владеењето,но затоа пак, не функционира ниту извршната, ниту законодавната власт. Денес, во Македонија, треба да се каже јасно и гласно дека имаме блокада на Владата и Собранието, укажува ЛДП.

Невидено е, рече Андреј Жерновски, во парламентарната демократија, владејачка партија да го блокира Собранието и да го спречува носењето на закони предложени од влада во која седат нивни министри.

„Наместо да се соочи со граѓаните, Груевски побегна на “роуд шоу”, иако и нему веќе му беше сосема јасно дека ниту еден американски бизнисмен нема да инвестира во земја која, само неколку дена пред посетата, релевантната CNN ја рангира меѓу петте земји со најлоши економии во светот. Таму, Груевски се одлучи да молчи, за по неговото враќање молкот да стане уште поголем.На почетокот од своето постоење, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаше еден премиер, Груевски, што е нормално , потоа имаше два, Груевски и Ахмети, што е лошо, за да сега нема ниту еден премиер, што е најлошо. За жал, Груевски денес функционира како “слика без тон”, рече Жерновски.

Македонија, рече, се наоѓа во тешка политичка и економска криза во која државата стана заложник во рацете на Груевски и Ахмети.

ЛДП го повикува Груевски конечо да излезе од своето прибежиште, да го прекине молкот и да им каже на граѓаните дали има план за излез од оваа политичка и економска криза и дали воопшто има концепт за водење на државата.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он