Премиерот Никола Груевски, заедно со економскио тим кој е во посета на Кина, денеска ќе одржи работна средба со менаџментот на Веибо групацијата која веќе има објавено дека ќе инвестира во Македонија и ќе отвори 5.000 нови работни места.
На средбата ќе се разгледаат идните планови за реализација на проектите и за развој на односите помеѓу двете страни.
Својот производствен капацитет групацијата треба да го изгради во североисточниот дел од Македонија. Инвестицијата е проценета на 400 милиони долари.Клиенти на групацијата се Масимо дути, Левис, Хуго бос и други.
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски вчера се обратија на бизнис форум организиран од Веибо групацијата во Гвангжу, Кина.