Хрватската полиција во истрагата за убиството на 31 годишната Мексиканка Селена Маседо во Сплит дојде до нови докази кои упатуваат на еден жител на Нови Сад. Како што пренесуваат хрватските медиуми дресот на фудбалскиот клуб „Милан“ кој е пронајден на ридот Марјан во близина на местото на убиството, му припаѓа на маж кој во текот на летото доаѓал во кафеаната во близина.
Станува збор за маж од Нови Сад, стар меѓу 40 и 45 години, со црн тен и коса, висок околу 1, 75 и во добра телесна кондиција.
Возел металик сива „шкода октавија“ караванска верзија со новосадски регистерски таблички, а често доаѓал во црвено-црн дрес на фудбалскиот клуб „Милан“, токму ист како што беше пронајден во близина на местото каде што беше убиена Мексиканката Селена.
„Овој маж од Нови Сад има прекар „Рекси“. Ако се знае дека и на пронајдениот дрес на „Милан“ е напишан непотполн прекар РЕК.И сомневањето и тоа како станува основано.“ пренесуваат полициски извори од Сплит.
„Со себе имаше многу пари од сите валути и три мобилни телефони како и повеќе картички за плаќање“, кажа еден од ресторанот каде често наминувал таму.