Во Ванкувер клупите претворени во засолниште за бездомници

Од:

Кога во Лондон беа забележани метални шилци во влезовите, поставени за да ги спречат бездомниците да се задржуваат во тие делови на градот или да спијат на улиците, светот беше згрозен. Но, многумина си го поставија прашањето. Како да се бориме против тоа?

Ванкувер има одговор, пишува британски „Телеграф“.

Имено, хуанитарната организација RainCity Housing претвори неколку градски клупи во засолниште за бездомниците.

Клупите кои во текот на денот се користат за седење и чекање автобус, навечер се претвораат во употребливи засолништа за бездомниците, а бездомниците можат на нив и да спијат.

На таблите кои воедно служат и како заштита од дожд и ветер во текот на денот е испишано „Ова е клупа“, додека ноќта на нив пишува „Ова е кревет“.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто