Старите „правила“ не важат. Време е за „апдејт“!

Од:

Без разлика дали излегувате првпат со некого, или веќе сте во долга врска, секогаш постојат одредени правила.

Некои се „заколнати“ и вечно ги следат правилата од минатото, но за други времињата се променија и „законите“ од шеесетите веќе не важат.

Ова е листа на застарените правила „апдејтувани“ во нови понудени алтернативни решенија од јахувото „Shine“:

1. Maжот секогаш плаќа

-Жените можат и мораат да покажат дека се „супер-моќни и целосно независни“, а за тоа добар показател е е чинот кога сами ќе си ги платат своите сметки (па и на партнерот, понекогаш, само да не се претерува).

2. Мажот ја отвора вратата секогаш

– Ова може да се сфати како игра: кој прв стигне до вратата тој нека ја отвори, тој е победникот и нормално подобро изгледа од позади.

3. Мажот секогаш се јавува прв

– Освен ако жената не ѕвони по 87.264 пати на ден и ја спушта слушалката секогаш кога тој ќе се јави, не постои друга причина да не му се јави таа прва.

4. Да се преправа „недопирлива“ или „посебна“ е секси

-Ова однесување е карактеристично за „кучките“, а мажите не ги сакаат баш нив.

5. Додека заедно се забавувате автоматски станувате „ние“ и се правите заедно

– Вие не сте сијамски близнаци – времето што го поминувате заедно би требало да биде „специјално“, но не и да влијае на целиот ваш живот.

6. Нема секс пред да 37-от состанок

-Ако сте сигурни во себе и своите чувства, и ако сте подготвени за секс со новиот партнер – зошто да чекате? Сексот е нормална и здрава работа и сосема нормално е да сакате тоа да го направите со човекот кој ви се допаѓа во времето кое ви одговара.

7. Се излегува во сабота

– Саботата е убав ден и добар ден, но за некои мажи тоа е денот наменет за шпански фудбал, а за некои жени е ден посветен на филмскиот маратон. Излегувајте кога сакате и кога можете. Секој ден нека ви биде сабота.

8. Не треба да се живее заедно, барем не до објавувањето на свршувачката

– Немојте да живеете заедно се додека не почувствувате дека сте подготвени да живеете заедно. Ова е голем чекор и ако сакате да застанете пред матичарот заедно со него, уверете се претходно дека животот со него е воопшто можен.

9. Бракот е вашата крајна цел

-Можеби во вашите соништа бракот е заедничка институција со принцот, но не е баш така. Ако не го сакате тоа навистина, не е неопходно. Вашата заедница може да трее вечно и без документ. Ако не сте подготвени, не дозволувајте некој да ве натера на тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска