Домаќинот на претстојниот кошаркарски Мундијалот Шпанија со силен состав во кој има дури шест НБА играчи ќе се обиде да го симне од тронот фаворизираниот актуелен првак селекцијата на САД.
Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Хуан Антонио Оренга го објави списокот на играчи за Светско првенство кое ќе се одржи токму во Шпанија кој ќе се одржува од 30 август до 14 септември.
Откако го пропуштија Европското првенство во Словенија минатата година, во составот на „црвената-фурија“ се враќаат Пау ГАсол и Сеж Ибака. Покрај нив од НБА лигата доаѓаат: Марк Гасол, Хозе Калдерон, Рики Рубио и Виктор Клавер.
Во составот на Оренга се и искусните: Хуан Карлос Наваро, Серхио Родригес, Серџио Љиљ и Руиди Фернандез, како и најмладиот Алекс Абринес кој во дресот на Барселона имаше одлична сезона зад себе.
Селекторот Оренга најави дека овој тим е „дизајниран„ да го победи главниот фаворит за титулата и актуелен првак селекцијата на САД.
„Ова е најдобриот тим на светот. Сторив се да ги имаме најдобрите“, изјави Оренга.
Шпанија на Мундобаскетот ќе игра во групата А, која според квалитетот на репрезентациите е најинтересната од првиот дел на првенството, а во неа покрај домаќинот се и селекциите на: Франција (Европски шампион), Србија, Бразил, Египет и Иран.
Натпреварите ќе се играат во шест градови во Шпанија, а завршниот финален натпревар ќе се игра во главниот град Мадрид.